ВИДЕО: На бојното поле гори оружјето од Западот, Украинците во контраофанзивата загубија 16 оклопни возила и неколку „Леопарди“

Фото: Твитер

Украинската армија во започнатата контраофанзива при нападот јужно од Мала Токмачка изгуби најмалку пет специјализирани возила.

Во изминатите неколку дена украинската армија изгуби 16 американски оклопни возила Бредли.

„Тоа што се изгубени неколку специјализирани возила не значи дека нападот врз руските позиции кај Мала Токмачка не успеал.. Барем за некое време. Фронтален напад на непријателските утврдувања, односно пробивање на одбранбените линии, е една од најтешките и потенцијално најскапите операции на копнената војна“, објави Форбс.

Претходно, украинската армија за само една недела изгуби три од шесте тенкови Леопард 2, како и специјализирано возило ИМР-2 од советски тип и поранешен германски Бергепанцер.

Во една објава на Твитер стои:

„Украина каде што воените машини од Западот умираат. Државата веќе бара повеќе тенкови и борбени возила, плус крстосувачки ракети и авиони, заменик-министерот за надворешни работи на Украина бара и нови тенкови од Германија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот