фото: EPA-EFE/Ettore Griffoni

ВИДЕО | Монца го совлада Удинезе и оствари победа по повеќе од 100 дена

Фудбалерите на Монца веќе испаднаа од Серија А, но успеаја да запишат триумф после 149 дена над Удинезе со резултат 2:1.

Монца поведе во второто полувреме кога гол постигна Капрати во 52 минута.

Удинезе израмни преку Лука во 75 минута, а конечниот епилог беше поставен во 90 минута кога стрелаше Кета Балде.

Кеита Балде е познат по своите игри за Лацио и Интер, тој се врати во италијанскиот шампионат после шест месеци поминати во турскиот клуб Сиваспор.

Монца својата последна победа ја имаше против Фиорентина годинава на 13 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот