ВИДЕО | Моќен Баерн: „Петарда“ за Фрајбург на „Алијанц Арена“

Баерн Минхен - Фрајбург/16 Октомври 2022/ фото: EPA-EFE/ LEONHARD SIMON

Баерн Минхен со убедлива победа се врати на обврските во Бундеслигата и го демолираше Фрајбург со 5:0 со што се врати на втората позиција.

Фрајбург на „Алијанц Арената“ немаше никакви шанси да се надева на некакво изненадување. Неизвесноста ја имаше само половина час, а потоа Баерн веќе имаше предност од 2:0 со головите на Гнабри и Чупо-Мотинг.

15-тина минути им беа потребни на баварците во второто полувреме да поведат и со 4:0, сега погодуваа Сане и Мане. Конечните 5:0 ги псотави Сабитцер на десет минути пред крајот на натпреварот.

Претходно во дербито на колото изненадувањето на сезоната Унион Берлин славеше против Борусија Дортмунд со 2:0 и се зацврсти на лидерската позиција. Двата гола на оваа средба ги постигна Јаник Хаберер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот