Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

ВИДЕО | Милвоки подобар од Денвер, трипл-дабл на Јокиќ во сенка на шутерската криза на Нагетс

Играчите на Милвоки бакс го совладаа Денвер со 121:112 во НБА лигата и покрај трипл-дабл учинокот на играчот на Нагетс, Никола Јокиќ.

Одличната партија на српскиот кошаркар Јокиќ на гостувањето во Висконсин не беше крунисана со победа на Денвер, бидејќи ниту трикратниот МВП на најсилната лига во светот не можеше да ја надомести шутерската криза кај тимските колеги.

Јокиќ го забележа својот 27. трипл-дабл сезонава. За 38 минути на паркетот, тој постигна 32 поени, запиша 14 скокови и 10 асистенции.

Нагетс реализираа само девет тројки од 34 обиди, со слаба успешност од 26,5 проценти. Мајкл Портер Јуниор погоди 5/22 од тројки, Џамал ​​Мареј 9/20, Расел Вестбрук 4/13, а Арон Гордон 4/13.

Јанис Антетокунмпо го предводеше Милвоки до победата со 28 поени, 19 скокови и седум асистенции. Брук Лопез постигна 22 поени, Демијан Лилард 19, Кајл Кузма 16, Гери Трент 15, а Торен Принс 10 поени.

НБА лига, резултати:

Орландо – Голден стејт 115:121
Милвоки – Денвер 121:112
Далас – Шарлот 103:96
Феникс – Њу Орлеанс 116:124
Лос Анџелес лејкерс – Минесота 111:102

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот