Втор гол за Исмаел Бенасер во дресот на Милан/Фото: EPA-EFE/FABIO MURRU

ВИДЕО: Милан не го дава врвот, Бенасер му „пресуди“ на Каљари

Фудбалерите на Милан вечерва на гостински терен го совладаа Каљари со 1:0, во 30 коло од италијанската Серија А.

Стрелец на одлучувачкиот гол за „росонерите“ беше Исмаел Бесаер во 60 минута од натпреварот.

Милан е прв на табелата со 66 бодови, три повеќе од второпласираниот Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

На третата позиција е Интер со 60 бодови, четири повеќе од четвртопласираниот Јувентус. Каљари е на 17 позиција со 25 бодови.

Во следното коло Милан ќе биде домаќин на Болоња, додека Каљари ќе му гостува на Удинезе на нашиот Илија Несторовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот