Моментот кога Мексиканецот Луис Гонзалес го удри судијата во рингот/Фото: Принтскрин/Youtube/FightBook MMA

ВИДЕО: Мексикански борец случајно, но атрактивно го нокаутираше судијата

ММА Суперкуп натпреварувањето кој ја започна Светската ММА федерација (IMMF) во соработка со промоцијата „Брејв ФЦ“ е замислено натпреварување за ММА репрезентации составени од млади талентирани борци.

Во тек е првата сезона, а во полуфиналето стигнаа Ирска и Мексико, односно Бахреин и Казахстан. Забавно, но не толку безопасно видео пристигнува од делови на Ирска и Мексико.

Станува збор за борба меѓу репрезентативецот на Ирска Луис Бирн и неговиот мексикански противник Луис Гонзалес, а моментот кој ни го привлече вниманието се случи на крајот од рундата, кога Мексиканецот се обиде со атрактивен удар да го изненади ривалот, но наместо во Бирн, го удри судијата.

Што е уште поинтересно, Гонзалес очигледно не ни сфатил дека го удрил, прашувајќи се во лицето гледајќи зошто судијата Скот Манхард е на подот.

Судијата Манхард се опорави и ја досуди борбата до крај и на крајот ја крена раката на ирскиот борец, кој намали на 3-2 во тој момент, на незадоволство на неговиот мексикански противник. Ова доведе до пресврт кој резултираше со победа на Ирска од 6-3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот