Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Меган Маркл ја откри вистината за животот со Хари: Несогласувањата почнале шест месеци по почетокот на нивната врска

Меган Маркл неодамна се појави на поткаст воден од Џејми Керн Лима, каде што отворено зборуваше за различни теми, вклучувајќи го нејзиниот бренд „Како и секогаш“ (As Ever) и нејзиното шоу „Со љубов, Меган“ (With Love, Meghan). Сепак, нејзината искрена изјава за бракот со принцот Хари привлече најголемо внимание.

Војвотката од Сасекс призна дека нивната врска не била секогаш совршена.

„На почетокот сè беше одлично, чувствувавме пеперутки во стомакот, но набргу потоа почнавме да се караме“, рекла Меган, додавајќи дека проблемите се појавиле шест месеци по нивната врска.

Меган исто така сподели дека работите, сега, по 7 години брак се поинакви. Двојката сега ужива во својата врска на сосема нов начин, поради што се чувствуваат како повторно да влегле во фазата на меден месец.

Исто така, неодамна, Меган сподели неколку фотографии на својот Инстаграм од нејзините деца, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3), како поминуваат време во дворот на нивниот луксузен дом во Калифорнија, кој чини 14 милиони долари.

Сепак, принцот Хари наводно не е задоволен што Меган користи фотографии од нивните деца за да го промовира својот бренд. Уредникот на „Сан“ за кралското семејство, Мет Вилкинсон, истакнува дека двојката не се согласува околу објавувањето фотографии од своите деца на социјалните мрежи.

„Хари би претпочитал децата да останат подалеку од очите на јавноста до одредена возраст. Тој не сака да бидат фотографирани, бидејќи смета дека штом ќе го напуштат Монтесито, папараците ќе почнат да го следат секој нивен чекор“, изјавил Вилкинсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот