ВИДЕО: Мечот меѓу Ѓоковиќ и Алкараз во Синсинати избран за најдобар во 2023 година

фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е прв на АТП листата, пред Карлос Алкараз, Данил Медведев и Јаник Синер.

Овие четворица се најдоа на уште една листа која АТП редовно ја објавува на крајот од сезоната – најинтересни мечеви на годината.

Дуелот што се издвојува е пресметката меѓу Ѓоковиќ и Алкараз, но не импресивното финале на „Вимблдон“ што го доби Шпанецот, туку нивната исклучително квалитетна пресметка во финалето на Мастерсот во Синсинати.

Иако се играше во два добиени сета, мечот траеше три часа и 49 минути, а на крајот Ѓоковиќ го доби со 5:7, 7:6 (7), 7:6 (4), откако спаси меч топка. АТП го опишува како „еден од оние кои долго ќе се паметат“.

– Ѓоковиќ го подигна своето ниво на игра со импресивен приказ на физичка издржливост и ментална сила, спасувајќи меч-поен во тај-брејкот во вториот сет пред да го надигра својот помлад противник за да ја освои својата 39 мастерс титула – соопшти АТП.

Втор најатрактивен дуел според АТП е мечот во групната фаза на АТП финалето во Торино, кога Јаник Синер го совлада Ѓоковиќ со 7:5, 6:7, 7:6.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот