ВИДЕО | Масовен протест во Северна Митровица под мотото: „Мајките од Космет против гетото на Курти“

Во Северна Митровица се одржа протест под мотото „Мајките од Космет против гетото на Курти“, каде се собраа повеќе од 5.000 жени, објави Kosovo online.

Судејќи според пораките, учесничките укажуваа на нехумано однесување на Приштина и Албин Курти кон Србите. Меѓу другото, жените ги носеа следниве пароли: „Сакам да го подготвам син ми за свадба“,„Доста ни е од ропство под Курти“, „Светци, не затворајте очи пред теророт на Курти“, „До кога ќе трпиме насилство врз нашите деца?“, „Зошто на српските деца им се ускратува безгрижното детство?“, „Не сакам моите деца да живеат во страв од суровоста на Курти“, „Не сакам друга држава, ја сакам својата Србија!“…

Протестот вчера на прес-конференција го најави Гордана Савиќ, раководител на службата за унапредување на здравјето и научно истражување во Клиничкиот болнички центар во Северна Митровица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот