Фото: Профимедиа

ВИДЕО | Мараја Кери веќе се подготвува за Божиќ: Пристигнува ново видео за „Време е“ и албум по 7 години

Иако есента штотуку започна, музичката дива Мараја Кери веќе е во полн ек со подготовките за празничната сезона. Пејачката, чиј хит „All I Want For Christmas Is You“ стана синоним за Божиќ, откри дека го планира своето традиционално видео „Време е“ (It’s Time), кое го користи секоја година за да го најави почетокот на најрадосниот период од годината.

За време на гостувањето во емисијата „Во живо со Кели и Марк“ во четвртокот, на 25 септември, Мараја го најави својот нов албум, првиот по 7 гоини пауза и сподели детали за претстојниот проект. Нејзиниот 16-ти студиски албум, „Here For It All“, беше издаден во петок (26 септември), пишува „Билборд“.

Таа потврди и дека повторно соработува со познатиот режисер Џозеф Кан. „Се подготвувам за „It’s Time“ и повторно работам со мојот пријател, Џозеф Кан“, рече таа.

@mariahcarey It’s…… TIME!!! 🎃🧊🎄 #MariahSZN ♬ original sound – Mariah Carey

Обожавателите ќе се сетат дека Кан неодамна го режираше нејзиниот летен спот за песната „Type Dangerous“, а тој е одговорен и за нејзините претходни дела како што се „Boy (I Need You), „Beautiful“ и поновата верзија на божиќната класика „All I Want for Christmas Is You (Make My Wish Come True Edition).

Покрај новиот видео запис, пејачката ќе ги воодушеви своите обожаватели и со враќање во Лас Вегас. Во текот на ноември и декември, таа ќе одржи серија концерти како дел од турнејата „Божиќ во Лас Вегас“ на Мараја Кери во салата „Долби Лајв“ во рамките на Парк МГМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот