
ВИДЕО: Манчестер сити испиша историја, четврта последователна титула во Премиер лигата
Фудбалерите на Манчестер сити го победија Вест хем со резултат 3:2 во последното коло од Премиер лигата. Стрелци за „граѓаните“ беа Фил Фоден во втората и 18 минута и Родри во 59. Стрелци за „чеканите“ во 42 минута беше Мохамед Кудус. Со оваа победа играчите на Пеп Гвардиола освоија нова титула во Премиер лигата и постигнаа неверојатен подвиг.
Препорачано
Имено, Сити испиша историја освојувајќи ја четвртата последователна титула во Премиер лигата, што на никој во историјата не му успеа.
До сега рекордот е три по ред, што го направија тимовите од Манчестер, Јунајтед во сезоните 2006/07, 2007/08 и 2008/09, а на „Граѓаните“ им успеа во натпреварувачката 2020/21, 2021/22, 2022/23 и во оваа натпреварувачка сезона 2023/24.
Се водеше битка меѓу Сити, Арсенал и Ливерпул, но „црвените“ брзо излегоа од трката, па Артета и Гвардиола поведоа. Сепак, тимот од Лондон втора година по ред не успева да ја освои титулата во Премиер лигата.
Гвардиола пред мечот против Вест хем најави дека и наредната сезона ќе биде на клупата на Сити.
Премиер лига, 38 последно коло
Недела, резултати:
Арсенал – Евертон 2:1
Брентфорд – Њукасл 2:4
Брајтон – Манчестер јунајтед 0:2
Барнли – Нотингем 1:2
Челси – Бурнмаут 2:1
Кристал палас – Астон Вила 5:0
Ливерпул – Вулверхемптон 2:0
Лутон – Фулам 2:4
Манчестер сити – Вест хем 3:1
Шефилд јунајтед – Тотенхем 0:3
Конечна табела:
1.Манчестер сити 91 бод
2.Арсенал 89
3.Ливерпул 82
4.Астон Вила 68
5.Тотенхем 66
6.Челси 63
7.Њукасл 60
8.Манчестер јунајтед 60
—