Фото: David Fisher / Shutterstock Editorial / Profimedia

ВИДЕО | Мајли Сајрус откри каков подарок му подарила на момчето, поради кој добила отказ

Мајли Сајрус се потсети на времето кога 18+ подарок за нејзиното тогашно момче, ја чинел улога во филмот „Хотел Трансилванија“.

Ѕвездата на „Дизни ченел“, која се здоби со слава играјќи ја главната поп-икона во серијата „Хана Монтана“, ја раскажа приказната за подарокот што му го дала на својот поранешен партнер, Лиам Хемсворт, кој на крајот ја довел до отказ.

За време на разговорот со Моника Левински во епизодата од 10 јуни од нејзиниот подкаст „Reclaiming With Monica Lewinsky“, хит пејачката сподели голем број приказни од своите тинејџерски денови, вклучувајќи ја и сагата „Хотел Трансилванија“.

„Му дадов на дечко ми торта во облик на пенис како шега за роденден и ме отпуштија“, се присети таа, додавајќи: „Бев главната глумица во ‘Хотел Трансилванија’, но ме отпуштија и ме заменија затоа што направив несоодветна шега за возрасни. А имав 18 години“, изјави Мајли.

Анимираниот детски филм беше издаден од „Сони Пикчерс“ во 2012 година, а во главната улога глумеше уште една ѕвезда на Дизни, Селена Гомез.

Фотографија од Сајрус како држи и лиже торта во облик на пенис, направена за роденденот на Хемсворт во јануари 2012 година, се појави на интернет. ТМЗ објави слики од пејачката и актерка со испружен јазик покрај тортата за лица над 18 години.

Потсетувајќи се на контроверзноста околу тортата, Сајрус ѝ рекла на Левински, која самата била во центарот на голем скандал, дека не мисли дека направила нешто несоодветно за своите години. „Она што ми беше апсурдно во врска со отпуштањето поради торта со пенис е тоа што ги продаваат овие торти за сите момински забави… можете да купите торта со пенис во Нешвил, Тенеси“, рекла таа.

„Не е голема работа. Мислев дека е многу едноставна, не вулгарна шега… глупаво е. Тоа го прават за сите момински забави – прават ѓердани, чаши, сламки и сè. Беше смешно, да ме отпуштат за нешто што го прават девојките на мои години – одат на момински забави и прават такви работи“, додаде Сајрус.

Сајрус рекла дека фотографијата од тортата била приватна и дека протекла откако нејзиниот ранец, вклучувајќи го и фотоапаратот, бил украден на забава.

„Не го објавив тоа. Бев на приватен настан на приватна забава и ме ограбија. Не е во ред“, заклучи пејачката, која се разведе од Хемсворт во август 2019 година, по помалку од една година брак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот