ВИДЕО | Majaми против Бостон во плеј-офот, Њу Орлеанс на Оклахома

Фото: nba.com

Изминатата вечер се одиграа и последните два меча од плеј-инот во НБА лигата и сега се познати сите учесници во плеј-офот.

Победи забележаа домаќините Мајами и Њу Орлеанс и тоа без поголеми проблеми. Мајами беше подобар од Чикаго со 112:91, а победата тимот на Флорида ја најави уште во воведниот период кога имаше серија 26:2 и поведе со 32:13. Чикаго во третата четвртина успеа да се доближи на седум негатива, но тоа беше се од нив на овој натпревар.

Тајлер Хиро со 24 постигнати поени, 10 скока и 9 асистенции беше најефикасниот, меѓутоа важна улога имаше и Кевин Лав кој средбата ја заврши со 16 поени за само 12 минути на паркетот. Дерозан одигра исто така солиден меч со 22 поени.

Њу Орлеанс со 105:98 беше подобар од Сакраменто. Кингси имаа контрола над играта до средината на последната четвртина, а тука започна доминацијата на домашниот тим. Пред крајот на паузата Пеликанс имаа +13, а во последниот период водеа и со 20 поени разлика.

Во финишот Сакраменто успеа да намали и да се избори за достоен пораз. Треба да се каже дека до победата Њу Орлеанс дојде без повредениот Зајон Вилијамсон, а се истакна Инграм со 24 поени и Валанчиунас со 19 поени и 12 скока. Диерон Фокс на спротивната страна уфрли 35 поени, но тие не беа доволни за позитивен резултат на Кингс.

Фото: nba.com

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот