
ВИДЕО | Лига Куп: Њукасл и со втор состав го елиминираше Јунајтед, Вест Хем подобар од Арсенал
Лошата форма на Манчестер Јунајтед продолжи и со натпреварите од англискиот Лига Куп од каде што „црвените ѓаволи“ доживеаа елиминација од Њукасл кој беше подобар со 0:3.
Препорачано
Њукасл на „Олд Трафорд“ истрча без главните фудбалери како Александер Исак, Харви Барнс, Свен Ботман, Ник Поуп, Гимараеш, Вилсон, Брн, Трипие, суспендираниот Тонали…но и во таква ситуација го победи Јунајтед.
Имаше и Јунајтед до некаде комбиниран состав, но не покажа премногу. Њукасл релативно брзо стигна до водство, Ливерменто го отвори резултатот по 28 минути игра. Осум минути подоцна во листата на стрелци се запиша и Луис Хал.
Тен Хаг во вториот дел во игра ги внесе Амрабат и Ван Бисака обидувајќи се да промени нешто, но не му успеа. Џо Вилок го постигна и третиот гол за убедлив пораз на избраниците на Тен Хаг.
Елиминација доживеа и Арсенал кој очигледно не го интересираат премногу куповите. „Топџиите“, Лига Купот не го освоиле од 1993 година, додека вечерва ги елиминираше Вест Хем.
Ливерпул со 1:2 беше подобар од Бормут, Челси на свој терен ја оправда фаворитската улога против Блекбурн, Фулам на гости не дозволи изненадување против Ипсвич, додека Евертон во уште една премиерлигашка пресметка го елиминираше Барнли.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5