фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

ВИДЕО: Леверкузен само до бод против Кил, Дортмунд загуби од Унион Берлин во Бундес лигата

Фудбалерите на Баер Леверкузен и Холштајн Кил денеска одиграа нерешено 2:2, во натпреварот од шестото коло во Бундес лигата.

Баер поведе уште во четвртата минута со голот на Виктор Бонифас. Јонас Хофман четири минути подоцна го зголеми водството на германскиот шампион.

Кил во судиското надополнување (45+5`) намали на 2:1 со голот на Макс Гешвил. Јан-Фите Арп го постави конечниот резултат со гол од пенал во 69 минута.

Леверкузен е петти на табелата со 11 бодови, Кил е на 17 место и со денешното реми го освои вториот бод.

Фудбалерите на Унион Берлин ја победија Борусија Дортмунд со резултат 2:1. Головите за Унион ги постигнаа Кевин Фогт во 26 минута од пенал и Јорбе Вертесен во 45 минута. Стрелец на единствениот гол за Борусија Дортмунд во 62 минута беше Јулиан Рајерсон.

Унион е шести на табелата со 11 бодови, додека Борусија Дортмунд е на седмото место со 10.

Фудбалерите на Волфсбург во истиот период го победија Бохум со 3:1, додека Фрајбург го победи Вердер Бремен со 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот