ВИДЕО: Куче-робот трага по преживеани под урнатата катна гаража во Њујорк

Фото: Твитер

Куче-робот беше ангажирано да трага по преживеани под урнатините од катната гаража која вчера се сруши во Њујорк. Во несреќата загина еден човек, петмина се повредени, а надлежните трагаат по луѓе кои може да се затрупани.

Кучето по име Спот се користи на локацијата, откако надлежните ја прогласија за небезбедна за работа на луѓе.

„Фала му на Бога што имаме куче-робот што може да влезе во зградата. Идеално е затоа што не мораме да испраќаме луѓе во зграда која е нестабилна“, изјави градоначалникот Ерик Адамс.

Вредноста на роботот тежок 30 килограми, произведен од американската компанија „Бостон дајнамикс“, е речиси 75.000 долари.

ВИДЕО: Се урна катна гаража во Њујорк, има загинати и заробени под урнатините

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот