фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

ВИДЕО: Крај за Ига Швјонтек, Свитолина по вторпат во полуфиналето на „Вимблдон“

Во женска конкуренција позната е првата полуфинална двојка на грен слем турнирот „Вимблдон“, во која Елина Свитолина од Украина ќе игра против Маркета Вондрушова од Чешка.

Свитолина успеа да ја елиминира првата носителка на турнирот, Ига Швјонтек (Полска), со резултат 2:1 во сетови 7:5, 6:7 (5) и 6:2.

Украинката по вторпат обезбедува пласман во полуфиналето на „Вимблдон“, претходно тоа го направи во 2019 година.

Изненадување приреди и Вондрушова која ја совлада четвртата носителка Џесика Пегула од САД со 6:4, 2:6 и 6:4 за скоро два часа игра.

Вондрушова за првпат во нејзината кариера е меѓу најдобрите четири носителки на грен слемот во Лондон.

Втората полуфинална двојка ќе ја дознаеме в среда по одигрувањето на останатите четвртфинални дуели Онс Жабер – Елена Рибакина и Медисон Киз – Арина Сабаленка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот