Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

ВИДЕО | Контроверзниот рапер и неговата сопруга повторно ја шокираа јавноста

Неколку дена пред гласините за развод, Бјанка Ценсори разговараше со Канје Вест, а она што таа го кажа ја шокираше јавноста. Читателка на усни откри застрашувачки коментар што Бјанка Ценсори наводно му го дала на нејзиниот сопруг Канје Вест само неколку часа откако предизвикаа скандал на Греми, кога таа се појави во „невидлив фустан“, пренесува „Б92“.

Професионалниот читател на усни Џереми Фримен ги проучувал снимките на парот како танцува и забележал коментар што Бјанка (30) и го дала на Вест, а тоа очигледно е неговиот прекар за неа.

Според Фримен, Бјанка се свртела кон својот сопруг и му рекла:

„Девојчето на тато“, на што тој кимнал со главата и ѝ одговорил: „Да“.

Излегува дека ова не бил единствениот, според многумина, морничав коментар, бидејќи друг читател на усни претходно откри дека Канје и наредил на Бјанка да ја соблече бундата на црвениот тепих и да остане речиси гола.

Според пишувањата на медиумите, 47-годишниот рапер сега престојува во хотел во Лос Анџелес, додека неговата сопруга живее во нивниот имот во Беверли Хилс вреден 35 милиони долари, се повеќе луѓе веруваат дека разводот е неминовен.

Исто така како причина за проблемите меѓу Канје Вест и Бјанка Ценсори кои наводно се разделиле и планираат да се разведат се наведува тоа што таа наводно одбила да учествува во нов филм, наведувајќи дека била „трауматизирана“ од гнасниот антисемитски распад на Канје Вест на социјалните мрежи.

Канје и Бјанка станаа пар набргу откако музичкиот магнат се разведе од поранешната сопруга Ким Кардашијан. Тие тајно се венчаа една година подоцна, а појавувањето на Бјанка во јавноста без облека предизвика контроверзии.

Откако се појавија гласини за развод, Канје објави недолична порака на социјалните мрежи, која исчезна неколку минути подоцна.

Тој ја сподели дефиницијата на „Google AI“ за „принуда“ со натпис:

„Да, принудата е незаконска. Принудата е чин на принудување некого да направи нешто против негова волја преку закани или заплашување. Ова може да вклучи физичка повреда, психичко малтретирање, изнуда, уцена или сексуален напад“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот