ВИДЕО | Кириленко: Продолжува бомбардирањето на Мариупол, пукаат во мирни луѓе

Мариупол/Фото: EPN/Newscom / Newscom / Profimedia

Интензивното руско бомбардирање на Мариупол продолжува, изјави регионалниот гувернер Павло Кириленко.

– Тие продолжуваат да напаѓаат. Бомбардирањето, воздушните напади и истрелите во градот се постојани. Сега има борби, пукање, токму тоа се случува во градот, истакна Кириленко за Би Би Си, кој е шеф на регионалната администрација на Доњецк, во која е се наоѓа и пристаништниот град Мариупол.

– Денеска добивме информација дека некои луѓе – нема да ги кажувам нивните имиња – кои учествувале во добивање информации и помагале во евакуација на луѓето, се нашле под оган, меѓу нив за жал има и жртви. Тие евакуирале луѓе, додава Кириленко.

Тој додаде дека „окупаторите добро знаат дека се цивили, невооружени луѓе – но тие бараат каков и да е изговор за да можат да пукаат во мирни луѓе”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот