ВИДЕО | Кети Пери се „посрамоти“: Ѝ пукнаа тесните кожени панталони среде емисија!

кети пери
Кети Пери / Фото: Принтскрин/Инстаграм/Твитер

Последната епизода на „American Idol“ ја одбележаа неколку впечатливи изведби, но сите паднаа во вода по инцидентот што ѝ се случи на членката на жирито Кети Пери.

Сè започна кога натпреварувачите почнаа да ја убедуваат 37-годишната пејачка да импровизира со нив. Кога почна да го пее рефренот на нејзиниот хит „Teenage Dream“, Кети клекна и нејзините очигледно претесни црвени панталони пукнаа токму кај задникот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATY PERRY (@katyperry)

Таа со раката се обиде да се покрие и отиде кај асистентите на снимањето да ѝ помогнат.

„Може ли да добијам леплива трака?“, во нејзин стил се пошегува таа, по што тие почнаа да ја „санираат“ пукнатината на нејзините панталони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATY PERRY (@katyperry)

Нејзините колеги од жирито, Лајонел Ричи и Лук Брајан, не покажаа многу колегијалност. Тие едноставно не можеа да престанат да се смеат на нејзината несреќа.

Ова не е првпат на Кети Пери да ѝ се случи ваков инцидент во јавноста. Пред четири години ѝ пукнаа панталоните додека снимаше недела на дуети во истото шоу. Тогаш Ричи веднаш се обиде да ѝ помогне.

За време на пробата за полувремето на Супербоул во 2015 година, ѝ пукна костимот на два дела додека поминуваше од еден во друг сет. Таа несреќа, од друга страна, спречи многу полоша, односно да не се случи за време на директниот пренос што го гледаат милиони луѓе.

„Затоа правиме проби“, објасни таа подоцна во разговор со шоуменот Џими Кимел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот