ВИДЕО | Кети Пери доживеа незгода со облеката среде емисија: Пејачката мораше да ги покрие градите со перница

Кети Пери / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Пејачката Кети Пери за малку ќе останеше гола за време на директниот пренос на шоуто „Американски идол“ во кое таа е судија.

Имено, пејачката сподели видео дека неодамна доживеала инцидент со облеката. Во видеото е покажано како нејзиниот 3Д сребрен горен дел од облеката се скршил и таа се обидувала да остане смирена додека членовите на екипата и судијата Лук Брајан се обидувале да ѝ помогнат. Лук Брајан се пошегувал и со продукцијата дека поради ова гледаноста ќе биде поголема.

„Ми се скрши горниот дел“, напиша пејачката на Инстаграм со видео од голготата што ѝ се случила.

Сребрениот горен дел е креација од Кејт Бартон изработен од метал, кој на колегите на пејачката им создал проблем, им биле потребни различни алатки за да се обидат да го поправат.

Во непријатната ситуација Пери се пошегувала дека „оваа емисија ќе добие повеќе отколку што треба“, навестувајќи дека горниот дел што го држела цврсто со двете раце може да ѝ падне.

На крајот од видеото, пејачката се сокрила зад масата, а потоа ги сокрила градите со бела перница за да ја направи емисијата погодна за прикажување.

По шоуто, Пери дала изјава за „Аксес Холивуд“ по повод инцидентот. Таа искрено признала дека била свесна за ризикот кој го носи нејзината облека.

ФОТО | Кети Пери го покажа задникот во бизарен фустан на наградите на „Билборд“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот