Фото: Will WARR / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Кејт Мидлтон откри дека завршила со хемотерапијата: „Последните 9 месеци беа неверојатно тешки…“

Принцезата Кејт Мидлтон сподели нови информации за нејзиното здравје, шест месеци откако откри дека ѝ бил дијагностициран рак по рутинска операција на абдоменот.

Имено, таа во најновата објава на јавноста ѝ откри дека го завршила третманот со хемотерапија. Оваа објава е нејзиното најлично семејно видео досега, на кое се гледа како го поминувала приватно времето со принцот Вилијам и нејзините деца.

Неверојатно искреното и интимно видео ги прикажува принцезата, принцот Вилијам, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис како поминуваат време заедно во Норфолк со порака што ја пренесува Кејт.

„Како што летото завршува, не можам да ви кажам какво олеснување е што конечно го завршив мојот третман со хемотерапија. Последните девет месеци беа неверојатно тешки за нас како семејство. Животот како што знаете може да се смени за миг и моравме да најдеме начин да се движиме по бурните води и непознатиот пат“, пишува таа покрај видеото.

Во март, принцезата потврди дека по операцијата на абдоменот биле пронајдени предканцерозни клетки и дека ќе мора да помине курс на превентивна хемотерапија.

Фото: Принтскрин / Твитер

Искрено говорејќи за влијанието на болеста што го има врз неа и семејството, таа вели: „Овој пат пред сè, нè потсети мене и Вилијам да размислуваме и да бидеме благодарни за едноставните, но важни работи во животот, кои многумина од нас често ги земаат здраво за готово. Едноставно да сакаш и да бидеш сакан…“.

„Мојот фокус сега е да правам се што можам за да останам без рак. Иако завршив со хемотерапија, мојот пат до заздравување и целосно закрепнување е долг и морам да продолжам да го носам секој ден како што доаѓа“, подолжува Кејт.

Видеото, кое беше снимено во Норфолк минатиот месец, го прикажува семејството како уживаат заедно во шумата и на плажата, играат карти и имаат пикник. Родителите на Кејт, Керол и Мајкл Мидлтон, исто така се снимени како играат игри со семејството.

Фото: Принтскрин / Твитер

Можеби највпечатливо, видеото покажува и неверојатно љубовни моменти со Кејт и Вилијам како се гушкаат еден со друг, а Вилијам и ја бакнува сопругата во образ.

Зошто баш таа поза? Експерт открива зошто Вилијам и децата ѝ свртеле грб на Кејт на новата фотографија која таа ја направила

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот