ВИДЕО: Каталонска европратеничка се врати во Шпанија, веднаш ја уапсија

Фото: Јутјуб/принтскрин

Каталонската европратеничка Клара Понсати, по која во Шпанија распиша потерница поради организирање на референдумот за независност во 2017 година, беше уапсена денеска во Барселона, каде по пет години дошла со автомобил од соседна Франција.

Понсати живееше во Шкотска и Белгија во последните пет години. Откако ја поминала границата на која нема полициска и царинска контрола, Понсати продолжила кон Барселона, каде одржа прес-конференција во центарот на градот, во просториите на здружението на каталонските новинари.

Каталонската полиција ја приведе на улица додека се шеташе во придружба на адвокат, врз основа на налог за апсење издаден од Врховниот суд во Мадрид. Во тој суд им се судеше на другите организатори на референдумот за независност на Каталонија, кои беа осудени на долги затворски казни за велепредавство. Во времето на референдумот, Понсати беше задолжен за образованието во каталонската влада.

Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка им изјави на новинарите во Мадрид при напуштањето на парламентот дека судот ќе одлучи за понатамошните чекори.

„Ќе видиме како Врховниот суд ќе го третира моето враќање. Сè уште е неизвесно што ќе се случи“, рече Понсати пред да биде приведена.

Таа е една од петте застапници за независност на Каталонија кои земји на ЕУ одбија да ги екстрадираат во Шпанија. Поранешниот претседател на каталонската влада, Карлес Пучдемон, кој е исто така пратеник во Европскиот парламент, сѐ уште е во Брисел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот