ВИДЕО | Кацарска: Нема држава каде политиката не сака да стави рака врз судството, но судиите треба да се спротивстават

Добрила Кацарска, претседателка на Уставниот суд
Добрила Кацарска, претседателка на Уставниот суд / Утрински брифинг

Минатата недела големо внимание во јавноста со отвореното писмо до претседателот на Собранието предизвика судија Добрила Кацарска, претседателка на Уставниот суд. Причината за тоа е да се потсетат пратениците дека тие се оние кои избираат уставни судии. За ова во Утрински брифинг поразговаравме со претседателката на Уставниот суд.

-Не очекувам дека многу брзо ќе се изберат уставните судии, но се надевам дека ќе се разбуди совеста кај пратениците и ќе си ја завршат уставната обврска. Уставниот суд не е моја сопственост. Јас не се обратив до претседателот на Собранието заради мене туку заради граѓаните на Македонија, вели Кацарска.

Уставниот суд работи на минимум кворум, а двотретинско мнозинство нема затоа што недостасуваат четворица судии. Според деловникот на Судот, за кворум е потребно присуство на пет судии, а ако само еден не дојде таа седница мора да се одложи, појаснува Кацарска.

-Ние и понатаму имаме седници и предметите се решаваат. Проблемот е квалитетот на дебатата. Едно е да дебатираат пет а друго е да дебатираат девет судии. Се случило еден судија кој со квалитетна дебата успеал да го промени мислењето на друите судии, вели Кацарска.

Секој судија може да има издвоено мислење и тоа е деловничко право. Секој судија може мора да го искаже своето мислење. Кацарска вели дека ако има премногу издвоени мислења на некој судија тоа говори за нешто друго.

-Дали има партиска политика во изборот на судии не би можела да кажам затоа што немам факти, но би сакала да нагласам дека партиска политика во избор на уставен судија не смее да има. Тоа треба да биде судија со интегритет кој нема да потпаѓа под влијанија и нема да размислува дали неговата одлука ќе одговара на една или друга политичка опција, вели Кацарска.

Во Уставниот суд има високополитички предмети како што е преиспитувањето на Преспанскиот договор.

-На колегиум се договоривме да не ги ставаме на дневен ред овие предмети затоа што се донесуваат со одлука на пет судии. А станува збор за предмети кои се исклучително битни за граѓаните и ќе чекаме судот да биде комплетиран, вели Кацарска.

Нема држава каде политиката не сака да стави рака врз судството, но Кацарска вели дека за тоа не ги обвинува политичарите туку судиите кои не смеат да подлгнуваат на влијанија.

-Не може предмети за кои целата јавност чека разрешница да се чека на одлука со години. Тоа се предмети за кои е заинтересирана и меѓународната јавноост. Земете го на пример предметот „Ласкарци“. Судијата мора да знае да се носи со притисоци, вели Кацарска.

Сите држави во регионот имаат институт уставна тужба со кој постои можност да се унапредат човековите права. Кацарска вели дека е силен поддржувач на уставна тужба, но Уставниот суд може да постапува само за надлежностите кои му се дадени. Кацарска смета дека тука треба да се промени Уставот и да им се дадат поголеми надлежности на уставните судии, а тоа би било во полза на граѓаните. Но, за тоа треба да се екипира судот.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот