
ВИДЕО | Јокиќ продолжи со одличните игри и во победата над Јута
Кошаркарите на Денвер ја победија Јута на гости со 122:103 и ја потврдија улогата на фаворит во дуелот со една од четирите најлоши екипи во НБА сезоната.
Препорачано
Никола Јокиќ уште еднаш го предводеше Денвер и беше најефективниот играч на натпреварот и беше многу блиску до својот 138 трипл-дабл учинок во кариерата и до израмнување со легендарниот Меџик Џонсон на третото место на вечната листа.
Српскиот центар го заврши мечот со 30 постигнати поени, 10 скокови и седум асистенции иако целата втора четвртина ја помина на клупата.
Одлична тимска игра со двоцифрен учинок покажаа Џамал Мареј (22 поени), Мајкл Портер Јуниор (19 поени), Кристијан Браун (18 поени) и Расел Вестбрук (10 поени).
Во тимот на Јута најефикасни беа Секстон со 26 и Кејонте Џорџ со 23 поени, но тоа не им помогна многу да избегнат нова серија порази сезонава.
НБА лига, резултати:
Вашингтон – ЛА Клиперс 96:121
Филаделфија – Хјустон 115:122 (по продолженија)
Шарлот – Мајами 94:98
Кливленд – Атланта 124:135
Индијана – Портланд 121:114
Орландо – Чикаго 133:119
Далас – Њујорк 129:114
Њу Орлеанс – Торонто 93:119
Минесота – Сакраменто 104:115
Мемфис – Детроит 131:111
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 101:119
Јута – Денвер 103:122
Феникс – Бруклин 117:127
Голден Стејт – Оклахома 101:105