јакимовски
Андреј Јакимовски беше прв стрелец во редовите на Вашингтон стејт/Фото: kfsm.mk

ВИДЕО: Јакимовски одличен во победата на Вашингтон Стејт Универзитетот

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски повторно беше главен играч на Вашингтон Стејт Универзитетот, овојпат во дуелот со Калифорнија.

Популарните „Кугарс“ победија со резултат 65:57 во голема мерка и по заслуга на нашиот млад кошаркар кој беше прогласен и за играч на мечот.

Јакимовски постигна речиси четвртина од поените на неговиот клуб, вкупно 16, со кои беше прв стрелец во тимот и постави личен рекорд оваа сезона. Освен тоа, додаде уште седум скока за да го комплетира одличниот впечаток.

Иако не беше стартер, на теренот остана 30 минути, погоди четири тројки од седум обиди.

За Вашингтон Стејт ова е 10 победа во 17 натпревар оваа сезона во американската НЦАА лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот