ВИДЕО: Израелски војници се смеат и возат велосипеди низ разурнатата Газа

Фото: Твитер

Во целиот ужас што се случува во Газа каде според Министерството за здравство на Палестина во Појасот од гранатирањето на израелските сили загинале 15.899 Палестинци на социјалните мрежи се појави видео снимка на која се гледа како израелските војници се смеат додека возат велосипеди земени од палестинските домови.

Министерството за здравство прецизира дека речиси 70 отсто од загинатите Палестинци се жени и деца (на возраст под 18 години). Податоците не се независно потврдени.

Информациите од властите во енклавата укажуваат дека ранетите од израелските бомбардирања се околу 42 илјади.

Израел започна воена кампања со масовни воздушни напади врз Појасот Газа откако исламистичкото палестинско движење Хамас изврши ненадеен напад на израелска територија на 7 октомври, при што загинаа околу 1.200 Израелци, од кои повеќето цивили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот