
ВИДЕО | Излезе тизерот за „The Crown“: Познати се датумите кога ќе пристигне последната сезона
Доаѓа крајот на „The Crown“. Стриминг сервисот Нетфликс ги откри датумите на премиерата на шестата и последна сезона на мегапопуларната серија.
Препорачано
Финалето на серијата е поделено на два дела, па првиот дел ќе биде објавен на 16-ти ноември, додека вториот дел ќе биде објавен на 14-ти декември.
Сега излезе новиот тизер во кој се појавува кралицата Елизабета Втора која ја игра Имелда Стаунтон, а во него е прикажана како шета низ Бакингемската палата, додека нејзините зборови одекнуваат насекаде.
„Круната е симбол на стабилност. Тоа е нешто што си, а не нешто што го правиш. Еден дел од нашата природна личност е секогаш изгубен. Сите се жртвувавме. Тоа не е избор, тоа е должност“, се слуша гласот на Елизабет. „Но, што е со животот што го оставив зад себе? На жената што ја оставив настрана“, се слуша уште еден женски глас.
Шестата сезона на „The Crown“ќе биде сместена помеѓу 1997 и 2005 година. Првиот дел ќе се фокусира на врската помеѓу принцезата Дијана (ја игра Елизабет Дебицки) и Доди Фаед (го игра Калид Абдала) пред сообраќајната несреќа во Париз во 1997 година во која двајцата загинаа. Нетфликс претходно нагласи дека несреќата нема да биде прикажана.
Вториот дел ќе го следи принцот Вилијам (Ед Меквеј) додека се враќа на колеџот Етон по смртта на неговата мајка, потоа златниот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, бракот помеѓу кралот Чарлс III (Доминик Вест) и кралицата Камила (Оливија Вилијамс) и раните фази на врската на Вилијам со Кејт Мидлтон (Мег Белами).
Во продолжение погледнете го официјалниот тизер: