ВИДЕО | Избегната катастрофа во Австралија: 14-годишно девојче херојски спречи автобус да удри во бензинска пумпа

Избегната катастрофа во Австралија: 14-годишно девојче херојски спречи автобус да удри во бензинска пумпа / Фото Твитер

Жителите на Нов Јужен Велс го поздравија 14-годишното девојче како херој откако нејзиното брзо размислување спречи училишен автобус да удри во бензинска пумпа. Училишниот автобус минатата среда бил паркиран пред училиштето кога почнал да се движи напред без возач зад воланот.

Изабел Милер, која влегла во автобусот само за да разговара со пријателите, истрчала на предниот дел од возилото и го грабнала воланот додека автобусот го минувал патот и се упатил директно кон автомобилите на бензинската пумпа, пишува Гардијан.

„Претпоставувам дека изгаснатиот автобус почнал да се движи. Бидејќи била мала надолнина, тој забрзал. Но, една млада девојка истрча до предниот дел на автобусот, ја крена сопирачката и се насочи на другата страна“, рече Фејт Питман, вработен на бензинската.

На снимката од надзорните камери се гледа како луѓе стојат на патот на автобусот пред 14-годишното девојче да го фати воланот. Говорејќи во емисијата Најнс Тудеј, Милер истакнала дека „сите беа преплашени“.

„Никој не направи ништо за да го запре автобусот, па истрчав на предниот дел од автобусот и го скршнав за да избегнам судир. Беше доста страшно да се помисли како нешто лошо можеше да се случи ако не направив ништо“, рече таа.

Потврдила дека еднаш возела автомобил на пасиште, но тврди дека освен тоа немала друго возачко искуство. На видеото се гледа и наставник кој се обидува да го тргне автобусот настрана однадвор, но се зависело од Милер.

„Да ја погодеше пумпата, ќе го разнесеше целото место. Како што можете да замислите, дефинитивно можеше да биде катастрофа“, рече Питман.

Таа забележа дека возачот на автобусот разговарал со наставникот кога автобусот почнал да се движи. Директорот на средното училиште Трент Греам и градоначалникот Роберт Мастоу ја пофалија тинејџерката за нејзините постапки. Локалната полиција соопшти дека го истражува инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот