Милано, Италија/Фото: Irina Naoumova / Alamy / Profimedia

ВИДЕО | Италијанец изврши самоубиство додека го иселувале од неговиот стан во Милано

71- годишен маж изврши самоубиство во Милано за време на иселување од неговиот стан. Постариот маж паднал од балконот на својата куќа штом извршителот заѕвонил, објави Милано тудеј.

„Жал ми е, но не можам повеќе да издржам“, напишал тој во кратка порака оставена на масата.

Поради неговата финансиска состојба, тој повеќе не можел да ја покрие киријата.

Волонтерите кои им помагаат на граѓаните со ниски приходи кои се соочуваат со иселување велат дека кризата со домувањето станува сè посериозна низ цела Италија и се жалат дека солидарноста и социјалната чувствителност од минатото исчезнале.

Се забележува дека Милано и неговата поширока област имаат највисоки кирии во цела Италија и речиси е невозможно, особено за постарите лица, да ги покријат трошоците за кирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот