ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Возможен ли е проактивен бизнис во тешки времиња?

Фото Слободен печат

Микро и малите претпријатија најмногу погодени од рефлексијата на војниот конфликт во Украина. Тоа се претпријатијата коишто најмногу побарале менторска асистенција и консултација од УНДП, појаснува во разговорот за „Утрински печат“ професорот Самоил Малчески, надворешен консултант на УНДП во Македонија.

Одржување на ликвидноста во време на криза, справувањето со бирократијата, одржлив раст и развој на бизнисот и нивно преструктуирање се дел од потребите што фирмите ги артикулирале пред менторите од костумизираната програма на Обединетите нации за Македонија.

Во интервјуто за „Утрински печат“, Малчески говори и за тоа колку се возможни успешни бизнис приказни во кризни времиња, дали е ова време за дефанзивност на бизниси или возможна е проактивност. Одливот на кадри, на квалитетна работна сила, кој станува светски проблем, според него ја тресе и Македонија, клучот е во образованието, кое ќе продуцира кадри што ќе можат да одговорат на предизвиците на пазарот на трудот.

Малчески вели дека тоа е еден од начините како флуктоацијата на кадри како реална закана би можела да се сведе на поподносливо ниво. Смета дека за да не ни бегаат децата надвор од земјата државата треба да инспирира бизнис опкружување кое влева надеж дека успешна приказна е возможна и во земјава.

Во студиото на „Слободен печат“ гостуваше и младата Мартина Павловиќ која одбрала да го живее својот сон во Македонија преку својата старт-ап компанија „Хотел за миленичиња“ од отворен тип и за нејзините искуства како менторирањето од УНДП и помогнало за нејзината бизнис приказна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот