ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Сулејмани: Бекташизмот е дел на исламот, бекташизмот е внатре во исламот, во теќето секој може да гостува

Арбен Сулејмани/Фото: Слободен печат

„Слободен печат“ во поддршка на верските заедници во Македонија. Без разлика дали верувате во себе или во Господ, Алах, Синот и Светиот дух, се водите по Куранот, Библијата или Светото писмо, на крајот сте сепак човек, кој е дел од една заедница. Православен, муслиман, скиентолог, бектеш, дервиш, евангелист, католик или јудеист. Сите заедно треба да градат соживот и да се разбираат и да се прифатат меѓу себе. „Слободен печат“ ќе се обиде преку запознавање на религиите, да одговори на прашања кој како го слави Господ, кој што празнува, во што верува, како ја следи верата. Целта е да се запознаеме себеси, но и соседот, пријателот, познајникот кој е припадник на друга верска заедница или црква. Преку серијал од десетина епизоди се надеваме дека ќе придонесеме подобро да се запознаеме меѓу себе и да сфатиме дека на крајот сите сме исти.

Арбен Сулејмани е бекташ, шеф на надворешни работи во светскиот штаб на Бекташи. Тој вели дека бекташизмот е дел на исламот, бекташизмот е внатре во исламот, бекташизмот е причично создаван со сите врвни квалитети на човекот.

Арбен Сулејмани / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

-Бекташизмот како дел од исламот почнува некаде од 1248 година со Хаџи Бекташ. Хаџи Бекташ беше еден од луѓето кои ја имаат креирано крвна линија со пророкот Мухамед. Теќињата се меѓу првите места каде што исламот е дојден во Румели, тогашен, односно дојдени се преку Сари Салтк и абдалите, значи, некаде 15 век. Имаме теќе во Прилеп-Диквен Баба, имаме во Македонски Брод- Хадр Баба, во Тетово-Харабати Баба, во Порој, во Шипковица-Кузун Баба, значи во сите средини каде што живееле луѓе, имало текиња- вели Сулејмани.

Тој објаснува дека многу луѓе мислат дека бекташизмот е сосема нешто друго… Не, бекташизмот е дел на исламот, бекташизмот е внатре во исламот, бекташизмот е причично создаван со сите врвни квалитети на човекот.

Арбен Сулејмани/Фото: Слободен печат

-Теќињата во време на Османската империја, секогаш вршеле дејност, денес тоа што го прават Обединетите нации и Црвен крст. Во теќето секогаш може секој да биде гостин, затоа и текињата секогаш биле на пат каде се врзувале градовите. Значи, некој пешак кој би одел, се знаело додека од дванаесет до шеснаесет часови одење, тој имал место каде би можел да спие- вели Сулејмани.

Еден од најзначајните верски настани што ги одбележуваат бекташите е празникот Невруз или, како што некои го нарекуваат, Султан Невруз, кога се одбележува роденденот на имамот Али, кој е на 21 март, што се совпаѓа со денот на започнувањето на пролетта. Вториот значаен верски настан за бекташите е одбележувањето на Денот на ашуре. Тоа е траурен празник и се одбележува во спомен на мачеништвото и смртта на имамот Хусеин.

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение: 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот