ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Шаќири: За да се хранат здраво студентите парите за оброк ќе го добиваат на неделна основа

Јетон Шаќири - министер за образование / Фото: „Слободен печат“ / Методи Здравев

Студентскиот оброк во земјава се исплаќа на дневна основа, 140 денари секој ден, но од јануари ќе се исплаќа на неделна основа и студентите ќе добиваат по 840 денари, најави министерот за образование Јетон Шаќири во утринската програма „Слободен печат“ на Слободна ТВ.

-Како земја претходно немавме субвенциониран оброк за студентите. Кога се воведе оброкот беше 120 денари, сега е 140 денари. Овој дневен систем на исплата беше предлог на сите студентски организации и беше прифатен од нив. Оброкот е со цел да се покријат дел од трошоците за храна. Решението да се исплаќа еднаш неделно е да се хранат здраво, да се купи храна во понеделник за цела недела- вели Шаќири.

Тој објаснува дека во последната недела дискусиите со студентските организации се дека парите не се користеле наменски за храна.

-Затоа одиме наеднаш да се исплати, еднаш неделно да добиваат пари и да се испазари за цела недела. Ќе има контрола каде има злоупотреби на парите и каде и како се користени средствата. Не се малку средства- вели министерот.

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Шаќири: Во „Ј.Х.Песталоци“ нормално се работи, со класот на Вања работат психолози

Во емисијата зборувавме и за стипендиите, за нивната исплата која ја најави за крајот на јануари, но и за учебниците и за ПИСА тестирањето кое покажа дека децата се скоро неписмени во земјава.

Целото интервју со министерот за образование Јетон Шаќири погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот