Проф. Др. Атанас Кочов / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Проф. Кочов: УКИМ го нема на Шангајска листа, платите на професорите се најниски од сите универзитети во државава

Квалитетот на високото образование е паднат, во момеnтов УКИМ е на најниско ниво на Шангајска листа. Стандардот на професорите e на многу ниско ниво, платите се најмали од сите плати на универзитетите во земјава. Условите во студентските домови се катастрофални, стандардот нивни е паднат. Нема репроматеријали за истражувања, нема реагенси. Ова се само дел од причините поради кои проф. д-р Атанас Кочов е еден од кандидатите за ректор на Универзитетот Кирил и Методиј. Изборот е на 30 мај, а Кочов е еден од шестмината кандидати.

– УКИМ нема стратегија за развој и промени мора да ги има. Неможеме да дозволиме да нема студенти на македонски јазик, да нема студенти на Факултетот за земјоделски науки и храна која е основа во едно стопанство. Во Македонија нема патент седум години- тоа доволно кажува колку малку пари се вложуваат во науката. Ако студентите не се партнер на УКИМ и не им се пружи рака тука нема успех- вели Кочов.

Тој објаснува дека УКИМ нема државен ревизор веќе три години, ревизорката добила отказ од некои причини и нема никаков увид каде се трошат парите од сметка.

– УКИМ е богат факултет има површини кои се во нивна сопственост, но наместо да се работи на нив од колешка моја дознав дека се дадени под концесија. Нема транспарентност каде се користат тие пари, немаме никаков увид во користење на средствата кои се на сметка- вели Кочов и додава дека за УКИМ секоја година се одвојуваат 90 милиони евра, од кои само 10 милиони се за развој. Но секој факултет добива различна сума од колачот. Еден од факултетите по природни науки добил само 5.000 евра, открива професорот.

– За да имаме транспарентност во работењето, мора да имаме увид, а ние немаме внатрешен ревизор. Оваа гарнитура на УКИМ не сака да биде транспарентна, ова мора јавно да го кажам. УКИМ нема канцеларија за меѓународна соработка. Имаше една колешка која замина во пензија и сега нема увид ни на трошењето на европските пари- вели Кочов.

Според него не само што не се знае каде се трошат овие пари, нема податок ни како и за што се исплаќаат.

– Начинот на финансирање на оваа ризница, на УКИМ како национално богатство на наука и култура мора да биде регулирано со посебна сметка, со посебен член во Законот за високо образование и ние како тим мора да се избориме за ова- вели Кочов.

Професорот вели дека ние како држава немаме научно истражувачки проекти неколку години по ред.Тоа значи дека државата не се грижи за науката.

– Ние немаме договор со Европскиот истражувачки центар. Во седум градови во Европа има центри. Една Србија има 21 научник кој работи за овој центар, а ние немаме договор. Втора работа – УКИМ е богат универзитет, државата му има доделено на управување голем имот, има површни, винарија, стопанства. Но никој не знае како се управува со него. Ние може да влеземе во Јавно-приватно партнерство со стопанството- вели Кочов.

Со него разговаравме за лабараториите кои се донации, но нема кадар кој ќе работи таму, нема ниту реагенси за работа во нив, за студентскиот живот и стандард, за промените кои планира да ги направи, но и за тоа дека на УКИМ му треба единство за да има промени. Во неговата програма има и план за враќање на студентите во клупите на УКИМ, за промоција на Универзитетот, за сразмерно запишување на кандидати.

Целото интервју со проф. д-р Атанас Кочов погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот