Фото: Screenshot

ВИДЕО | Инцидент во Шкотска: Навивач со столче сериозно повреди фудбалер на Абердин

Македонските фудбалери Давид Бабунски и Кристијан Трапановски ја заокружија сезоната во шкотскиот шампионат со победа и нивниот Данди јунајтед славеше со 2-1 на домашен терен против Абердин, во последното коло од првенството.

Славјето на „Танадис парк“ не можеше да помине без инциденти. Веднаш по последниот свиреж на судијата, стотици навивачи на Данди втрчаа на теренот за да ја прослават победата, но атмосферата се вжешти кога од гостинската трибина беше фрлено столче.

Несреќно, столчето заврши директно во главата на играчот на Абердин, Џек Мекензи, кој веднаш доби лекарска помош. Менаџерот на Абердин, Џими Телин, по натпреварот потврди дека фудбалерот е во стабилна состојба, но остро ги осуди сцените на насилство.

„Добро е, се чувствува стабилно, но ова не смее да се случува на фудбалските терени. Мора да се воведе ред и да се заштитат играчите“, изјави Телин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот