Фото: Принтскрин/ТикТок

ВИДЕО: Идниот татко при откривањето на полот на бебето заборави дека има девојка

Откако беше откриен полот на бебето, идниот татко не ја ни погледна својата девојка, туку веднаш се затрча кон своите пријатели. Таа ни по неколку обиди не успеа да добие прегратка од својот сакан.

Хана Калверли (18) го сподели видеото во кое го открива полот на идното дете на ТикТок, покажувајќи го моментот во кој нејзиното момче, студент на втора година на Универзитетот во Њу Орлеанс, Травис Гобер (19), ја крши бејзбол топката која експлодираше во син прав.

Наместо да ужива во моментот со својата бремена девојка, која го носи нивното момче, поради кое е и толку возбуден, Гобер не ја ни погледна, туку започна бурно да слави со своите пријатели. За работата да биде уште полоша, како што славеа момчињата скокајќи во групата, тие успеаа и неколку пати целосно да ја оттурнат девојката.

Несвесни за ситуцијата, момчињата и Гобер не ја ни забележаа бремената девојка. На крајот од видеото, Калверли едвај успеа да му се приближи на Гобер, кој се уште не и обрнуваше внимание и ги гушкаше пријателите. Видеото брзо стана популарно, а прегледано е повеќе од 22 милиони пати за помалку од една недела.

@hannah.j.c16 We’re sooo ready to meet you?? @travisgober ♬ Boy – Lee Brice


Во коментарите многумина ја сожалуваа девојката дека никој не ја ни забележал, ниту ја прегрнал и дека целосно била запоставена, иако заслужувала да биде во центар на вниманието.

По коментарите девојката се обрати во јавноста:

„Не сум вознемирена, добро сум, изјавила таа. Буквално,, се смеев што сите скокаа на него. Но сепак се согласувам дека требаше да дотрча до мене и да ме прегрне. Тој знае дека погрешил и се чувствува ужасно, но тоа воопшто не е проблем. Тој е најдобар дечко на целиот свет. И тој ќе биде најдобар татко, така што се е во ред“, се правдаше идната мајка.

@hannah.j.c16 Reply to @joley_rose I promise it’s okay y’all?? @travisgober ♬ original sound – Hannah


Во еден разговор, Калверли изјави дека воопшто не била свесна дека тој направил нешто лошо се додека не почнале реакциите на социјалните мрежи.

„Не мислев дека нешто лошо направи се додека не ги прочитав коментарите. Тоа што луѓето не го видоа е дека тој дојде и силно ме прегрна и бакна веднаш по групното гушкање. Бевме пресреќни и возбудени, истакна таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот