ВИДЕО I Прво сите мислеа дека блефира: „Оружјето од кошмарот“ на Путин предизвика паника во Западот

Кога рускиот претседател Владимир Путин ги откри плановите за лансирање на „оружјето од кошмарот“ односно радиоктивно торпедо сите мислеа дека блефира. „Посејдон 2М39“ или „торпедо апокалипса“, тогаш делуваше како „шарена лага“ со која сака да ги заплаши своите ривали.

Официјални лица на Соединетите Американски Држави и експерти на оваа тема сметаа дека ова е фантазија, но сепак Русија покажа дека станува збор за разорно торпедо развивано во периодот од 2015 до 2019 година.

Иако некои експерти предупредуваа дека зад кулисите Русија подготвува силно оружје, скептиците тоа го демантираа говорејќи дека станува збор за „тигар од хартија“.

Путин покажа дека не е блеф, а во прилог на ова е и неодамнешната вежба на трите нуклеарни подморници кои истовремено испливаа во Арктикот. Во исто време, треба да се забележи дека сите имаат можност да бидат наоружени со „апокалиптично торпедо“, пишува „Дејли меил“.

Според експертите, Русите го искористија топењето на Арктикот, со оглед на тоа што тие води сега се многу попроодни, а со развојот на оваа технологија сакаат да ја обезбедат одбраната на земјата.

Исто така, оние кои се запознати со ситуацијата, ја гледаат „економската компонента“ во тоа, односно дека Русија планира да го контролира транспортот на стоки преку северот од Европа до Азија.

Радиоактивно цунами

Торпедото „Посејдон“, вооружено со боева глава од неколку мегатони, може да предизвика големо уништување. Имено, освен што може да уништи сè пред себе, тоа е во состојба да предизвика цунами од силата на детонацијата, што би го преплавило нападнатото подрачје со радиоактивни води.

Како што се наведува, торпедото е со дијаметар од 1,8 метри, а долго е околу 20 метри. Според некои експерти, „Посејдон“, кое е најголемото торпедо некогаш изградено, има домет од околу 10.000 километри.

Се контролира од далечина, а треба да се напомни дека ова оружје е дури 30 пати поголемо од стандардната големина на торпедата и тежи околу 100 тони.

Покрај носењето нуклеарна боева глава, „Посејдон“ има и атомско напојување, а во споредба со балистичките ракети, тоа е бавно, потребни се неколку часа за да се достигне целта.

Според некои проценки, може да развие брзина до 130 километри на час.

Зајакнување на военото присуство на Арктикот

Според американските медиуми, Русија акумулира воени сили и ја зајакнува инфраструктурата во областа на Арктикот, а истовремено тестира и нови оружја со помош на топење на мразот во тој дел од светот.

Како поддршка на тоа се нови сателитски снимки, кои ја покажуваат развиената воена инфраструктура на Арктикот, посочува Си-Ен-Ен.

Експертите за оружје се особено загрижени за торпедото „Посејдон 2М39“, кое Русите сè уште го тестираат.

Лидерот на норвешката разузнавачка служба, вицеадмиралот Нилс Андреас Стенсоунс за Си-Ен-Ен изјави дека агенцијата оценила дека торпедото е „оружје кое сè уште е во фаза на тестирање“ и додаде дека „неговото влијание е многу поголемо од регионот во кој се тестира во моментов“.

Според ТВ-мрежата, американската војска реагирала со движење на опрема и персонал заедно со силите на НАТО. Американските бомбардери Б-1 Лансер во Норвешка неодамна спроведоа мисии на истокот од Баренцовото Море.

Исто така, американската морнарица минатиот август потврди дека „невидливата“ подморница „Сиволф“ е ангажирана во тој дел.

Извор:Телеграф.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот