Фото: EPA-EFE/Vince Mignott

ВИДЕО | Хаверц херој на Челзи, Митровиќ трагичар за Фулам

Во терминот од 15 часот во Премиер лигата денес се одиграа два натпревари од англиската Премиер лига.

Фудбалерите на Челзи на домашен терен го совладаа Кристал Палас со 1:0. Навивачите на домаќините во денешниот натпревар го поздравија засилувањето од 100 милиони евра, Михаило Мудрик.

Првото полувреме не донесе некоја возбудлива игра, скоро и да немаше посериозна шанса на двете страни. Моментот на одлука се случи во 64. минута кога Каи Хаверц по нафрлувањето од Зијеш ја затресе мрежата на противникот со глава.

Кристал Палас можеше и до изедначување, но натпреварот на Дукуре од корнер го одбрани Кепа. Со овие три бода Челзи дојде до бројката од 28 бода што се доволни за 10-тото место на табелата во Премиер лигата.

Минимална победа забележа и Њукасл против Фулам. Епитетот трагичар на натпреварот тука може да го понесе Александар Митровиќ. Митровиќ во 72. минута не реализираше удар од 11. метри. Неговото промашување беше казнето во 89. минута кога Александар Исак ја обезбеди победата на Њукасл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот