
ВИДЕО: Голден Стејт го возврати ударот, шампионот израмни против Лејкерси
Актуелните НБА шампиони израмнија на 1:1 во плеј-оф серијата од полуфиналето во Западната конференција откако славеа против Лос Анџелес лејкерс со 127:100.
Препорачано
Прво име во редовите на Голден Стејт беше Клеј Томпсон со 30 поени (осум „тројки“ од 11 обиди), Стеф Кари имаше 20 поени и 12 асистенции, Џамајкл Грин запиша 15 поени, а на Дрејмонд Грин му недостасуваше една асистенција за „трипл-дабл“ (11 поени, 11 скока, девет асистенции).
Лејкерси го отворија натпреварот со одлично шутирање, Леброн Џејмс ги погоди првите две тројки и постигна 14 поени во првата четвртина со што го доведе тимот на седум поени предност. И тука како да застанаа „езерџиите“. Голден Стејт постигна 41 поен во втората четвртина, а дури 43 во својата препознатлива трета и во последниот период влезе со огромни „плус 30“.
Џејмс кај поразените беше најефикасен со 23 поени (седум скока), следен од Јапонецот Руи Хачимура со 21 поен и пет скока. На овој меч Ентони Дејвис се истакна со 11 поени, седум скока и четири асистенции.
Серијата сега се сели во Лос Анџелес, каде ќе се играат третиот и четвртиот натпревар.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8час
-
8час
-
9час
-
10час
-
10час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5