
ВИДЕО | Ги сподели и рецептите: Контроверзниот милијардер тврди дека со овие јадења ќе доживеете 120 години
Многумина ги интересира прашањето што треба да јадат за што подолго да го задржат младешкиот изглед и да си го зачуваат здравјето…
Препорачано
Милијардерот и технолошки претприемач Брајан Џонсон изгледа го најде одговорот на ова прашање.
Контроверзниот милијардер троши повеќе од два милиони долари годишно на интензивен режим наречен „Проџект блупринт“ (Project Blueprint) во обид да го „измами“ стареењето и да остане подолго млад, а тоа ја вклучува и неговата исхрана. За да го постигне тоа, Џонсон се изложува на ригорозен режим на исхрана, постојани испитувања и болни естетски протецедури и операции.

Џонсон (46), со, како што тврди, кожа на 28-годишник, срце на 37-годишник и капацитет на белите дробови на 18-годишник, е на растителна исхрана, што вклучува мешавина од тврда и мека храна, а иако со текот на годините донел некои лоши одлуки кога е во прашање исхраната, во 2019 година тој целосно го променил својот животен стил.
Џонсон го започнува денот со здраво смути, за ручек јаде сад полн со зеленчук, а за десерт најчесто јаде пудинг од овошје и јаткасти плодови. Сè на сè, тој внесува околу 1.977 калории дневно.
Џонсон и неговиот тим експерти осмислиле посебни рецепти за неговата исхрана, и тоа така што, како што вели, го слушал своето тело и дознал која храна е добра за него, а која не. Тие рецепти му помогнале да престане да копнее по нездрава храна, а неодамна во видеа на Јутјуб ги сподели омилените рецепти за ручек и десерти против стареење.
Неговата вообичаена дневна рутина вклучува будење во пет наутро секое утро и консумирање дваесетина дози суплементи и лекови. Исто така, тој следи строга веганска диета од 1.977 калории дневно, вежба по еден час секој ден и легнува во исто време секоја вечер. Два часа пред спиење носи очила за заштита од сина светлина.

Секој месец, Џонсон поминува низ десетици медицински процедури, од кои некои се доста екстремни и болни, а резултатите потоа се следат со дополнителни тестови на крвта, слики од магнетна резонанца, ултразвук и колоноскопија.
Неделно прави хемиски пилинг и ласерска терапија. Тој вбризгува маснотии во лицето за да изгради „масна поддршка“. Џонсон тврди дека оваа процедура се разликува од филерите.
ФОТО | „Трпи за убавина“: Инженер (45) троши 2 милиони долари годишно за да има тело на 18-годишник
ФОТО | „Трпи за убавина“: Инженер (45) троши 2 милиони долари годишно за да има тело на 18-годишник