ВИДЕО: Гафот на Заев искористен како ознака за влез на страницата за вакцинација

Гафот на премиерот Зоран Заев кога наместо вакцини рече „ваксајнс“ е искористен како ознака за влез на официјалната страница на Министерството за здравство за пријавување за престојната вакцинација.

Имено, ако напишите vaksajns.mk директно ќе ви ја отвори веб страницата за вакцинација  vakcinacija.mk.

Министерството за здравство официјално не реагираше на ова, ниту се обиде да ја поправи грешката. Од таму пуштена е само информацијата дека досега над 20.000 граѓани се пријавиле за вакцинирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот