Фото: Профимедиа

ВИДЕО+ФОТО: Гледачите се пожалија дека не можат да спијат откако ја гледале серијата за еден од најморничавите сериски убијци

Новата крими серија на Нетфликс која се базира на вистинска приказна „Night Stalker“, за еден од најморничавите сериски убијци во Америка, брзо стана хит, но исто така и исплаши многу гледачи.

Документарец од кој ќе ви замрзне крвта: „Ноќен прогонувач: Лов на сериски убиец“

Серијата од четири продолженија ја следи потагата за Ричард Рамирез кој во 1985-та година сеел страв на улиците во Лос Анџелес. Иако тоа лето температурите рекордно растеле, многумина не се осудувале да ги отворат ниту прозорците во текот на ноќта бидејќи низ градот демнел опасниот сериски убиец кој се вовлекувал во куќите, убивал и силувал се што ќе му се најде на патот.

Фото: Профимедиа

Сите биле во страв бидејќи Рамирез, за разлика од другите сериски убијци, немал свој тип на жртви, туку убивал и мажи и жени, млади и стари, па дури и деца. Понекогаш тој ги ограбувал куќите на своите жртви, а понекогаш не. Неговите злосторства толку се разликувале што на многумина им било тешко да поверуваат дека станува збор за само еден криминалец, а серијата ги следи двајцата детективи од Лос Анџелес кои успеале да го пронајдат и уапсат.

Многу луѓе кои ја гледале серијата имале проблеми со спиењето, особено покрај отворени прозорци.

„Жешко ми е во собата и само сакам да го отворам прозорецот, но по гледањето на Night Stalker…. не би рекла“.


„Го гледав Night Stalker пред спиење…“

„Јас по гледањето на Night Stalker“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот