ВИДЕО: Финска почна да ја гради оградата на границата со Русија, долга 200 километри

Фото: Twitter / Visegrad 24

Финска денеска почна со подигнување на нова ограда долга 200 километри на дел од границата со Русија, а на овој чекор се реши по инвазијата на Украина, соопшти граничната служба.

Работите вклучуваат пилот-проект долг три километри во близина на градот Иматра, на југоисточниот дел на Финска.

Планирана е изградба на дополнителни 70 километри меѓу 2023 и 2025 година, главно во југоисточниот дел на нордиската земја. Финска има 1340 километри долга граница со Русија. Финска планира да изгради 200 километри ограда, а работите се проценуваат на 380 милиони евра.

На металната ограда висока три метри ќе биде поставена бодликава жица, а на чувствителните места ќе има камери за ноќно снимање, светилки и звучници. Работата треба да биде завршена во 2026 година. Естонија, Латвија и Полска, исто така, ја зголемија или ќе ја зголемат безбедноста на нивната граница со Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот