фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

ВИДЕО | Фантастично дерби со шест гола, Партизан во финишот до бод против Црвена звезда

Денеска во 24 коло од најсилното српско првенство фудбалерите на Црвена звезда ремизираа во дербито против Партизан со 3:3.

После првото полувреме водеше Партизан со погодокот на Ибрахим во осмата минута од средбата на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.

Само што стартуваше вториот дел белградските „црвено-белите“ израмнија преку Ндиаје (46`).

Пет минути подоцна Црвена звезда дојде и до вториот гол на мечот, а повторно стреелц беше Ндиаје.

Партизан успеа во 59 минута да донесе ново израмнување на овој дуел преку Ковак, а во 62 минута Црвена звезда дојде до нова предност благодарение на голот на Иваниќ.

Партизан успеа во самиот финиш од средбата, поточно во судиското надополнување (90+5`) да го избегне поразот преку Николиќ кој беше прецизен од пенал.

На табелата води Црвена звезда со 68 бодови, далеку пред второпласираниот Партизан кој има 47.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот