
ВИДЕО | ЕУ под притисок – Полска очекува ескалација на мигрантската криза на границата со Белорусија
Полска стравува дека, откако голема група мигранти се обиделе да ја оштетат оградата и насилно да влезат во земјата, најновата ескалација на мигрантската криза на границата со Белорусија трае со денови, бидејќи на границата со Полска има околу 4.000 бегалци, а според проценките 15.000 мигранти се на пат за Белорусија.
Препорачано
„Нашите проценки покажуваат дека во Белорусија има од 12.000 до 15.000 мигранти. Околу 4.000 беа донесени во областа околу Кузница во понеделникот. Нивниот притисок и активности ќе траат со денови, ако не и подолго“, изјави портпаролот на координаторот на полските специјални служби, Станислав Зарин.
Полските власти од утрово го прекинаа целиот сообраќај, вклучувајќи го и сообраќајот за размена на стоки на граничниот премин Кужњица со Белорусија, бидејќи по вчерашните обиди да се пробие оградата која Полска ја постави долж белоруската граница, мигранти претежно од Ирак и Централниот исток, останаа да преноќат во близина на границата под шатори.

„Непропустливоста на полската граница е наш национален интерес. Но, сега влогот е стабилноста и безбедноста на целата Европска Унија. Овој хибриден напад на Лукашенко е насочен против сите нас. Нема да дозволиме да не заплашуваат и заедно со нашите партнери во НАТО и ЕУ ќе го браниме мирот во Европа“, напиша полскиот премиер Матеуш Моравјецки на Твитер, по посетата на граничарите, војниците и полицајците во близина на Кужњица утрово заедно со министерот за одбрана Маријуш Блашчак.

Полска ја доби поддршката од сојузниците во ЕУ и НАТО за одбрана на источната граница и подигање ѕид висок пет метри, бидејќи притисокот за отворање нова мигрантска рута расте уште од летните месеци, кога околу 40 летови една недела пристигнуваат во Минск од блискоисточните престолнини.
Полските власти денеска во Брисел пред ЕУ ќе ги претстават деталите за последните случувања на границата со Белорусија, а полскиот амбасадор во Обединетите нации побара консултации со амбасадорите на земјите членки на ЕУ за да ја претстави состојбата на белоруско-полската граница.

Белорусија и нејзиниот претседател Александар Лукашенко ги отфрлаат обвинувањата дека белоруските власти ја организирале оваа нова мигрантска рута, преку давање на турстички визи за бегалците од Азија и Африка.
Минск ги отфрла и обвинувањата дека овие бегалци ги придружувале до полската и границите на балтичките држави и потоа не им дозволувале да се вратат на белоруската територија, кога ќе бидат протерани од Полјаците или кога не можат да одат понатаму.
„Незаинтересираноста и нечовечкиот пристап на полските власти ги принудија бегалците на таков очајнички чекор“, соопшти во понеделникот белоруската гранична стража, додека бегалците формираат поголеми групи и во голема колона од околу 1.000 луѓе пристигнаа на границата во близина на полскиот град Кузница во обид да ја пробијат границата.
Таму тие се обидоа да ја пробијат оградата од бодликава жица и преминаа во Полска, но полските граничари и полицајци ги пречекаа со кордони и солзавец, а полициските водени топови беа преместени на границата со Белорусија, каде што владата е во вонредна состојба.
Портпаролот на полската влада Пјотр Милер синоќа изјави дека полските власти се подготвени на сите сценарија, па дури и на пукање, иако тоа би била последната опција која владата на премиерот Моравиецки се обидува да ја избегне.

Денеска поради ескалација на мигрантската криза на границата со Белорусија, полскиот Парламент заседава на вонредна седница.
Што точно се случува на полско-белоруската граница не може да се провери бидејќи полските новинари, провладините и државните медиуми, активистите на хуманитарните организации и јавноста немаат дозвола да известуваат од зоната долга три километри долж границата, па затоа има само официјални полски и белоруски објави и снимки на социјалните мрежи и малку информации од независни белоруски медиуми.
Полската гранична стража денеска соопшти дека во понеделникот евидентирала 309 обиди за илегално преминување на границата од Белорусија, при што биле приведени 17 бегалци, главно ирачки државјани, додека на 85 им било наредено да ја напуштат територијата на Полска.
Сите други обиди насилно да влезат во Полска вчера беа неуспешни, а шестмина помошници кои чекаа на полската страна од границата беа уапсени, меѓу кои и еден Швеѓанец и еден Германец.
Полска долж границата со Белорусија упатила 12.000 војници да се грижат за бебзедноста на полската граница и границата на ЕУ.