фото: EPA-EFE/MICHELE MARAVIGLIA

ВИДЕО: Елмас беше златната резерва на Мацари, „дијамантот“ му донесе триумф на Наполи

Денеска во 13 коло од најсилното италијанско фудбалско првенство составот на Наполи славеше на гостувањето кај Аталанта со 2:1. На клупата на Наполи дебитираше новиот тренер Валтер Мацари.

По првото полувреме водеше актуелниот шампион во Серија А со погодокот на Кварацхелија во 44 минута.

Во 53 минута клубот од Бергамо израмни преку Лукман во 53 минута, а конечниот епилог го постави македонскиот репрезентативец Елиф Елмас по асистенцијата на Осимен.

При резултат 1:1 нашиот играч настапи од 63 минута како замена за Политано. Инаку за Елмас ова е втол гол во дресот на „наполитанците“ сезонава во шампионатот, првиот го имаше на 4 ноември во гостинската победа над Салернитана (2:0).

Наполи моментно е на третото место со 24 бодови, додека Аталанта е шестопласирана со 20.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот