ВИДЕО| Eксплозија во близина на руската амбасада во Кабул- најмалку двајца загинати

руска амбасада кабул

Силна експлозија одекна во близина на руската амбасада во Кабул, јавија денеска локалните медиуми. Според информациите двајца од вработените во амбасадата загинале во експлозијата

Жител на Кабул во областа за ДПА изјавил дека талибанските безбедносни сили го опколиле патот што води до амбасадата. На снимките објавени на локалните медиуми 

Досега има различни информации за целта на експлозијата. Некои извори цитираа сведок кој рекол дека експлозијата случила пред амбасадата додека Авганистанци чекале визи.

Според полицијата, бомбашот самоубиец се обидел да се приближи до влезот на амбасадата, но бил застрелан од стражарите додека се приближувал до капијата. Руските медиуми објавија дека бројот на жртви е голем, 20 се повредени или загинати, но засега тоа не е официјално потврдено.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот.

Русија е една од ретките земји која има амбасада во Кабул откако Талибанците ја презедоа земјата пред повеќе од една година. Иако Москва официјално не ја признава талибанската влада, тие разговараат со официјални лица за договор за снабдување со нафта и други стоки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот