
ВИДЕО | Ѕвездата на „Сексот и градот“ штрајкува со глад поради војната меѓу Израел и Хамас
Ѕвездата на „Сексот и градот“, Синтија Никсон им се придружи на демонстрантите пред Белата куќа барајќи траен прекин на огнот во Газа. 57-годишната актерка потврди дека ќе стапи во дводневен штрајк со глад за да го сврти вниманието на проблемите со кои се соочуваат Палестинците кои се лишени од храна и вода поради израелската блокада, пишува „Њујорк пост“.
Препорачано
Таа за време на демонстрациите, изјавила дека тие штрајкуваат со глад за да му покажат на претседателот Бајден што се случува во Газа и дека тој има моќ да воспостави траен прекин на огнот.
@skynews #SexAndTheCity #actress #CynthiaNixon in #hunger #strike #protest demanding permanent #Gaza #ceasefire ♬ original sound – Sky News
„Ништо од ова не е нормално. Ништо од ова не е рутина и ништо од ова не може да се дозволи да продолжи“, изјави Никсон.
‘Sex and the City’ star Cynthia Nixon begins hunger strike for ceasefire https://t.co/jV1AcxCUzo pic.twitter.com/0cgzlitKZW
— New York Post (@nypost) November 28, 2023
Таа се обиде да го стави високиот биланс на палестински жртви во контекст на 20-годишното воено учество на САД во Авганистан, истовремено споменувајќи ги и околу 1.200 Израелци убиени во нападот на Хамас на 7 октомври. Претставувајќи се себеси како „мајка на еврејски деца чии баби и дедовци го преживеале Холокаустот“, таа рече:
„За седум недели, Израел уби повеќе цивили на мал појас земја отколку што беа убиени во текот 20-годишната војна во цел Авганистан. Уморна сум од луѓето да го објаснуваат ова со тоа што велат дека цивилните жртви се рутински данок за војна. не е ништо рутинско во овие бројки. Нема ништо рутинско во врска со овие смртни случаи“.