Фото: Принтскрин/ Инстаграм/avalouiise

ВИДЕО | Ѕвезда на Онлифанс собирала пари за Трамп, а потоа на митинг му ги покажа голите гради

Американската инфлуенсерка и модел на Онлифанс, Ава Луиз неодамна го привлече вниманието кога ги покажа градите за време на митингот на Доналд Трамп, актуелниот републикански кандидат за претседател на САД.

Ава го направи истото на почетокот на годинава кога ги покажа градите на еден „портал“ од Даблин кој се наоѓаше на Менхетен, кој беше затворен нешто подоцна.

Ава објаснила дека соблекувањето на митингот на Трамп било дел од нејзиното собирање средства за неговата кампањата. Во средата инфлуенсерката му ги покажа градите на Трамп, но и на илјадници други луѓе кои го посетија собирот. Со голи гради скокаше и навиваше додека полицаецот не ја избрка од салата.

„Полицајците сакаа да ме обвинат“, изјави таа за „Њујорк Пост“, додавајќи дека полицаецот бил крајно лут.

Сепак, Тајната служба застанала на нејзина страна и се погрижила Ава и нејзиното момче, кое било со неа, без проблем да ја напуштат салата.

„Откако заминав, му донирав пари на Трамп поради неволјите што ги предизвикав“, рече таа.

Инаку, Луиз во последните месеци користи Онлифанс за да собере пари за поранешниот претседател.

„Заработувам околу 100.000 долари месечно и сега се обидувам да заработам 500.000 долари за да можам да му ги дадам на Трамп. Тоа се вика „Гради за Трамп“, додаде таа.

Таа откри и дека го поддржува Трамп затоа што делат исти деловни вредности.

„Трамп беше претприемач, јас сум претприемач. Го разбирам. Јас ги продавам градите, тој го продава американскиот сон“, вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот