Бен Афлек и Џенифер Лопез / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

ВИДЕО | Џенифер Лопез за разводот од Бен Афлек: „Најдобрата работа што ми се случила“

Џенифер Лопез во неодамнешно интервју за „Си-би-ес Сандеј Морнинг“ (CBS Sunday Morning) изјави дека нејзиниот развод од Бен Афлек е „најдобрата работа“ што некогаш ѝ се случила.

Таа објасни дека научила важни животни лекции низ тој тежок период.

„Сфатив дека радоста е во живеењето и во вистинското прифаќање на животот и сè што ви носи. Поради лекциите што ги носи, а потоа и поради сите триумфи што ги носи. Тешките времиња се лекции и тоа мора да го разберете“, рече пејачката и актерка.

Лопез откри дека снимањето на „Бакнежот на жената-пајак“ ѝ послужило како еден вид бегство во текот на овој турбулентен личен период.

„Во секој момент на снимањето и во секој момент додека ја играв оваа улога, бев толку среќна. А потоа дома, не беше баш најдобро“, призна таа.

И покрај сè, таа останува исклучително благодарна на Афлек и неговата продуцентска куќа, „Artists Equity“, која го финансираше филмот. „Филмот немаше да биде снимен да не беа тој и „Artists Equity“, нагласи таа.

„Му кажав дека ова е улогата за која сум родена и дека сакам да ја играм, а тој рече: „Добро“, и ми помогна да се случи тоа.“ Лопез заклучи дека секогаш ќе му ја припишува заслугата на Афлек за таа поддршка.

Двојката повторно се обидува да го продаде својот заеднички дом, овој пат по многу пониска цена од претходно. Нивната вила во Беверли Хилс повторно е објавена на продажба, но сега по цена од 52 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот